„Вујо мајсторе“ во ПРЕСИНГ: „Ѓоковиќ е најголемиот амбасадор на Србија во историјата, а за властите е државен непријател број еден!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гостин сигурно едно од најголемите ракометни имиња на сите времиња во светот, Веселин Вујовиќ, човек кој е тесно поврзан и со македонскиот ракомет.

Меѓу бројните теми популарниот Вујо се осврнува и на актуелната политичка ситуација во Србија и неговата силна поддршка за студентските протести поради кои, заедно и со други истакнати спортисти како Дејан Бодирога, Новак Ѓоковиќ, Жељко Обрадовиќ, Урош Мандиќ, Немања Видиќ… се потенцирани како „државни непријатели број еден“.

Вујовиќ истакнува дека Србија го има најголемиот спортски амбасадор на сите времиња во името на Новак Ѓоковиќ, но ете од страна на државниот апарат се прави обид да се „избрише“, па дури и претседателот Александар Вучиќ не сака да го спомнува како еден од хероите на денешницата во Србија…

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...