Веселин Вујовиќ е подготвен за камбек на тренерскиот занает откако поранешниот стратег на Вардар и македонски селектор ги договори условите за повторно да работи во регионот на поранешна Југославија. Иако според чаршиските муабети тој беше најблиску до камбек во Вардар, популарниот „Вујо мајсторе“ сепак реши да ја прифати понудата на Борац Бања Лука.
Според постигнатиот договор, Вујовиќ ќе остане на чело на клубот до јуни 2021 година, со можност да ја продолжи соработката со Борац во текот на летото.
„Јас генерално сум договорен да бидам нов тренер на Борац. Размислувавме и за некоја подолга соработка, но се согласивме дека најдобро е за почеток договорот да биде на шест месеци. Јас сум слободен тренер, а на управата и беше потребен некој што ќе ја крене екипата, ќе направи резултат, но и ќе го подобри реномето на клубот“, изјави Вујовиќ за порталот Sport1.ba.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

