Вујо на средина, Македонците околу него

ЕКИПА на ЕП во ХРВАТСКА,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Некои врски остануваат засекогаш, па дури и кога си на спротивните страни на терен. Таква е врската на Веселин Вујовиќ со Македонија уште од времето кога сегашниот селектор на Словенија беше тренер на Вардар. Вујо вечерва ќе ја предводи Словенија во дуелот со Македонија. Но, за Вујо тоа воопшто не беше пречка срдечно да се поздрави со многу макеоднски навивачи што пристигнуваат во „Арена“ и опкружен со македонските ракометари да го изгледа првото полувреме од натпреварот меѓу Германија и Црна Гора.

За неполн час во „Арена“ стартува новата пресметка меѓу Македонија и Словенија. Двете репрезентации беа на мегдан и лани во групната фаза на СП во Франција. Тогаш Словенците славеа победа. За некој час ќе биде познато дали Македонија ќе успее да се реваншира.

Се вчитува...