Словенија доживеа непријатен, и очигледно многу болен, пораз од Македонија на стартот на Европското првенство, а селекторот Веселин Вујовиќ и понатаму за ’дежурни виновници’ ги смета судиите. Според него, Романците Дин и Дину влијаеле со своето судење на играта и резултатот, а настрадала Словенија.
Така, Вујо мајсторе, верувале или не, одеднаш стана Вујо плачкото.
„Кога менаџерот на репрезентацијата Урош Мохорич ми кажа кој ќе ни суди на отворањето на ЕП против Македонија, јас му реков „отидовме во к…ц. На самиот почеток дојдоа и ми кажаа дека почнале да судат кога јас ја почнав тренерската кариера, а сега на залезот од кариерата. Не знам што требаше тоа да значи, но верувам дека многу брзо ЕХФ ќе им се заблагодари за нивниот придонес“, вели Вујовиќ во изјава за словенечките медиуми.
Потоа го анализира уште еднаш и мечот. Станал за тоа во четири часот наутро.
„Три пати го гледав на ТВ мечот против Македонија. Првиот пат веднаш откако заврши, вторпат во четири часот наутро и третпат пред утринскиот тренинг. Забележав најмалку 19 грешки на наша штета. Тие не ’кратеа’ на брз центар, целосно ја уништија нашата игра. Ако ова им се случеше на Германија, Франција или Данска, тоа ќе беше голем скандал, но ние мораме да се тешиме дека сме мала држава, нашио национален тим е неверојатно симпатичен, а Веселин Вујовиќ зборува глупости“, дополни Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА