Поранешниот тренер на Партизан, Душко Вујошевиќ, на суд го доби спорот со белградскиот тим кој мора да му исплати 113.000 евра. Во изјавата за српските медиуми, трофејниот тренер изјави дека не очекувал таков некорекетн однос од Партизан.
„Партизан, едноставно, не го испочитува долгот. Ми ја исплатија првата рата и следните две, а секоја одеше на по една година. Не се рати на скои 30 дена, туку на секои 12 месеци. Тие две рати беа по 50.000 евра, а никој не се удостои ни да ме повика и да се обиде да објасни“ – изјави Вујошевиќ.
Тренерот нагласи дека тој живее од тие пари кои му се потребно и за лекување.
„Тоа се пари од кои во крајна линија, треба да одам на операција, на трансплантација на бубрег. Од нив живее моето семејство, чесно ги заработив и не е земено ни едно евро туѓи пари, па не доаѓа предвид никакво ново одлагање на исплатата“ – нагласи Вујошевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА