Поранешниот тренер на Партизан Душко Вујошевиќ, кажа дека Жељко Обрадовиќ не можел веќе да ја држи соблекувалната на „црно-белите“ под контрола, па тоа е главната причина за заминувањето од клупата, кое предизвика огромна бура во Србија.
Во интервју за „Спорт клуб“, Вујошевиќ нагласи дека ситуацијата во Партизан е сложена, и дека проблемите се длабоко во тимот.
„Мислам дека сезоната не одеше добро. Се покажа дека група луѓе создавана две години која е основата на овој тим, се покажа дека не е подготвена за жртва, ентузијазам и љубов кон клубот. Жељко со толкав авторитет веќе не можеше да ја контролира соблекувалната. Да не може да дојде до тие играчи во клучните моменти, да не го прават она кое го бара од нив од теренот, веројатно и на тренинз, како и следните 24 часа кога е во прашање начинот на живот. Се бореше долго, на крајот не успеа и поднесе оставка. Сметам дека поголем дел од играчите треба да бидат домашни играчи, кои емотивно се врзани за клубот. Не смее соблекувалната да ја носат странци. Тие се професионалци и ја работат работата за пари, но тоа не е доволно. Потребна е емоција, страст кон клубот и публиката“, рече Вујошевиќ, кој додаде дека скандирањето на навивачите против Партизан исто така е нешто кое боли.
„Да се скандира и да се исвиркуваат своите играчи, тоа е нешто што боли. Во ред е да се бара одговорност од клубот, но после оставката сето тоа премина во нешто друго. Искористена е емоцијата кон Жељко да се створи атмосфера на протест, и тоа трае и ден денеска. Мене тоа ме погоди“, додаде Вујошевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

