Вујовиќ: Грешиме кога не треба тоа да го правиме, загубивме добиен натпревар,

Вардар го загуби и седмиот натпревар во низа во Лигата на шампионите сезонава, откако беше поразен на гостувањето кај хрватскиот шампион ППД Загреб со 23-22.

Тренерот на „црвено-црните“ Веселин Вујовиќ по натпреварот вели дека неговиот тим правел грешки кога тоа било недозволиво да се напраи и дека загубиле добитен натпревар против хрватскиот шампион.

„Вложувавме многу надеж за овој меч дека можеме повеќе. Загубивме добиен натпревар, грешевме кога не смеевме да грешиме. Честитки за Загреб за важната победа во овој тежок и грд натпревар. Игравме доста лошо, не знам зошто е тоа, дали е тоа една голема тензија, тоа е за подлабока анализа. За седум дена чека важен натпревар против Еурофарм Пелистер. Се плашам дека овој пораз може да создаде негативен ефект кај моите играчи. Седум меча немаме победа, против сите играме добро, но бодовите се впишуваат кај други на крај. Се надевам дека ќе имаме подобри игри понатаму и ќе се пласираме во следниот круг, што е цел на нашата екипа, а на Загреб му посакувам се најдобро“, вели Вујовиќ.

Се вчитува...