Вујовиќ: Хрватска нема тим за високи дострели, Унгарците им ја подарија победата

Поранешниот македонски селектор, Веселин Вујовиќ и актуелен селектор на Катар за хрватските медиуми го коментираше настапот на Хрватска во четвртфиналето против Унгарија, и магичната победа во последната секунда од средбата.

„Да бидеме реални. Многу е тешко да се коментира нешто за да се остане коректен а всушност да се каже она што е видливо за сите. Хрватската јавност мора да знае дека немаат тим за најголеми дострели. За жал, така беше и е во последните неколку години. Сигурдсон не победи ниту еден важен натпревар, освен квалификациите во Германија, а она со Унгарија беше чудо кое ретко се случува. Всушност, Унгарците сами се победија. Едноставно неверојатно, немам што друго да кажам“ – истакна Вујовиќ и дополни:

„Секако тоа од вчера не може ни да се спореди со она кога јас и Словенија ја победивме Хрватска во Париз во 2017 година во борба за бронза по негатива од осум гола. Унгарците сами се победија. Место да играат долги напади и да чекаат предупредување за пасивност, тие се обидоа да решат се во првите секунди од нападот. Имаа и два шута, но Пешиќ одбрани. Да постигнеа само еден гол, ќе беше доволно за победа. Но, ете во спортот се случуваат чуда, сега се случи во корист на Хрватска“.

Се вчитува...