Вардар успеа да се пласира на фајналфор турнирот од СЕХА-лигата, но Веселин Вујовиќ беше видно незадоволен од завршницата на својот тим на гостувањето против Загреб.
Серијата грешки му овозможи на Загреб да дојде од „минус два“ до „плус четири“ во последната минута од натпреварот, но за среќа Тото биеше прецизно при последниот напад на Вардар, осигурувајќи го пласманот на Ф4.
„Игравме очајно во последните пет минути. Ако не беше така, резултатот ќе изгледаше многу подобро за нас. Морам да признам дека очигледно се мачевме со позициониот напад. Тоа е нешто на што ќе мораме да работиме во наредниот период, ако сакаме да бидеме конкурентни во Лигата на Шампионите“, изјави тренерот Вујовиќ.
Анте Кудуз беше клучен играч на првиот натпревар во Скопје, но овојпат Загреб многу подобро го затвори хрватскиот бек.
„Ова беше сосема поинаков меч од оној во Скопје, Загреб даде се од себе за да победи, но ние издржавме кога беше најважно. Покажавме карактер и тимски дух и го сторивме она по што дојдовме – се пласиравме на фајналфор турнирот“, истакна Кудуз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА