Унгарскиот ракометен гигант Веспрем бара нов тренер, по отказот што го заработи Љубомир Врањеш, и тоа по поразот од Вардар на домашен терен во Лигата на шампионите. Унгарците се обиделе да го ангажираат Веселин Вујовиќ, но тој засега нема намера да потпише договор.
„Добив повик од Веспрем, но има проблем. Тие сакаат да се приклучам веднаш и да потпишам договор до крајот на сезоната. Јас тоа не можам да го направам, бидејќи сум човек кој има име и рејтинг. Впроќем, со Веспрем веќе еднаш имав непријатно искуство. Ни на крај памет не ми доаѓа да прифатам таков договор. Не сакам јас да пополнувам дупки на некој друг, кој добил многу пари за да изгради нешто оваа сезона“, изјави Веселин Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА