Македонската ракометна репрезентација за помалку од половина час ќе го почне натпреварот од „Президент купот“ против Алжир на Светското првенство во Полска и Шведска.
Околу слабиот настап на Македонија на СП говореше и поранешниот стратег на РК Вардар, Веселин Вујовиќ кој во моментов е селектор на Иран.
Популарниот Вујов вели дека ракометарите предводени од Кирил Лазаров нема од што да се срамат…
„Сигурен сум дека Лазаров на ова СП дојде со други амбици и со желба да се победи барем на еден меч во групата. Но треба да се знае дека Македонија се падна во исклучително тешка група. Нема од што да се срамат, но исто така Македонците брзо забораваат кој си и што си. Брзо забораваат на тоа што си направил и какви заслуги имаш за овој спорт.На оваа репрезентација и треба време, а тие често многу бргу го губат трпението. Според мене ќе биде грешка ако после турнирот се прават промени“ истакна актуелниот селектор на Иран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА