Актуелниот македонски шампион Вардар го забележа вториот пораз сезонава во Лигата на шампионите, откако загуби на гостувањето кај Алборг во 5. коло со 33-29.
Тренерот на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ по мечот изјави дека сака што побрзо да го заборави овој меч и да продолжи понатаму.
„Честитки за мојот колега Стефан за доброто издание на неговиот тим. Првите десет минути од второто полувреме го загубивме натпреварот, во еден момент губевме со седум гола, се обидовме да направиме нешто, но беше невозможно да се вратиме. Сега овој меч за мене е историја, најважен ми е мечот со Кил. На Алборг му посакувам многу среќа“, изјави Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА