Црногорскиот пивот Лука Вујовиќ ланската сезона ја почна како трет пивот во Ловќен, но веднаш покажа значителен талент и потенцијал, добивајќи значајна минутажа во овој тим. Неслучајно летово интерес за негов ангажман покажаа неколку екипи од регионот, но најбрзо реагираше Металург, кој ја доби трката за трансферот на 19-годишниот Црногорец.
„Не очекував кариерата да ми се движи напред со таква динамика. Реботите се случија премногу брзо, но верувам во својот избор. Металург е вистинскиот клуб за мене, заминувам во клуб со посилна конкуренција, за да се докажам и уште повеќе да напредувам“ – истакна Вујовиќ за црногорските медиуми.
Тој е вториот Црногорец што потпишува со „металурзите“ летово, откако претходно истото го стори и левото крило Милан Поповиќ, кој пристигна од редовите на Пелистер. „Металурзите“ го ангажираа и Дејан Пецаковски од Работник, потоа голманот Ѓорѓески, крилото Реваз Чантурија и хрватскиот бек Мариќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА