Поранешниот тренер на Вардар и македонски селектор, Веселин Вујовиќ ќе биде нов селектор на репрезентацијата на Катар.
63-годишниот Вујовиќ утре го очекува официјалната промоција во Доха, кој по Србија и Црна Гора, Македонија, Словенија и Иран, сега е со нов селекторски ангажман.
Вујовиќ ќе го замени српскиот тренер Дарко Тавриќ, кој претходно, пак, го наследи Валери Ривера.
Катар, како што е познато, го освои сребрениот медал на Светското првенство во Доха во 2015 година. Сега задачата на Вујовиќ е повторно да го врати сјајот на катарскиот ракомет со амбиции за успешен настап на Мундијалот на почетокот на следната година. Противниците на Катарците во групната фаза на СП 2025 ќе бидат Франција, Австрија и Кувајт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА