ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Веселин Вујовиќ испрати честитки до македонската репрезентација за заслужената победа на денешниот дуел, истакнувајќи ја возраста на својот национален тим како главна причина за поразот на овој дуел.
„Честитки до македонскиот тим и до мојот колега Лазаров. Тие беа подобар противник од нас и заслужено победија. Ова натпреварување е премногу напорно за мојата стара репрезентација, повторно примивме многу голови. Се обидовме со најразлични начини, ја променивме одбраната, но не успеавме. За нас ова е завршена приказна, посакувам Македонија да игра добар меч со Франција, а ние ќе се обидеме да се претставиме во добро светло против Унгарија“, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА