Вујовиќ по поразот на Србија: Не е доволно да го бакнуваш грбот и да се чукаш во гради

Второто коло на Европското првенство за српската ракометна репрезентација донесе пораз од Унгарија од 28-27 со што шансите за пласман на нашиот северен сосед во следната фаза драстично се намалија. На Србите им е потребна победа против Црна Гора, но и победа на Унгарија против Исланд.

Натпреварот за српските медиуми го прокоментира и поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ кој упати критика кон српските ракометари.

„Многу им дозволија на Унгарците. Каде што одбраната требаше да биде најсилна, ние бевме најслаби. Банхиди даде 10 голови. Во моето време тој не би ни го завршил натпреварот. Тогаш играчите со нож меѓу забите започнуваа натпреварот. Тоа беше борба, војна…

Денешните играчи се навистина добри, талентирани, се борат за својата држава и тоа се гледа, но изгледаат како дечиња кои одат во училиште двајца по двајца. Не е доволно да го бакнуваш грбот и да чукаш во гради. Мораш да се покажеш и на теренот“, вели Вуковиќ.

Се вчитува...