Вујовиќ по смртта на Сарачевиќ: Хорор над ужасите, не можам да престанам да плачам

Легендарниот Веселин Вујовиќ не може да го сокрие шокот по смртта на неговиот долгогодишен пријател Златко Сарачевиќ кој вчера почина од срцев удар на 59-годишна возраст.

Сарачевиќ е едно од најславните имиња на југословенскиот и хрватскиот ракомет, светски шампион заедно со Вујовиќ од 1986 година, како и олимписки шампион со Хрватска десет години подоцна.

„Навистина не можам да поверувам. Едвај го преживеав заминувањето на Златко Портнер пред неколку месеци, па сега пред два дена, Џоле Балашевиќ, со кого бев голем пријател и сега Сарач. Што се случува со нас? Хорор над ужасите, шок над шоковите. Сарач … каков човек беше тоа, јуначиште. Тоа специфично бањалучко чувство за хумор, а топол и добар како леб. Јас освоив се со него. Бевме јуниорски и сениорски светски шампиони. Заедно освоивме медал на Олимписките игри, а ми беше асистент во Загреб. Тој беше повеќе од пријател за мене. Гледајќи наназад, оваа проклета година однесе толку генијални луѓе кои толку многу не задолжија. Сега дојде ред на Златко. Немој да се лутите, но не можам да престанам да плачам“ – изјави Вујовиќ по веста за смртта на Сарачевиќ.

Се вчитува...