Победата на Словенија против Исланд со 26-25 во вториот натпревар во Б групата, за селекторот Веслеин Вујовиќ е „среќна победа“. Словенците по првите две кола имаат максимални четири бода и како што најави Вујо, сега фокусот е на следнот дуел против Македонија.
„ Ова беше тежок меч за двата тима. Во првото полувреме и двата тима одиграа силна одбрана 6-0. На почетокот на второ полувреме ние загубивме 2-3 топки, но на крај успеавме да се вратиме во ритам.Победивме како посреќен тим денеска. Задоволен сум со двата бода и веќе размислуваме за следниот меч со Македонија“ – изјави Веселин Вујовиќ по дуелот со Исланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА