Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ вели дека за него фрапирачки делува фактот дека сите ракометни репрезентации од Балканот, Хрватска, Македонија, Србија…, се задоволни од настапот и резултатите на Светското првенство 2019 иако сите тие немале никогаш полош пласман.
Во интервјуто за „Балкан хендбол“, Вујовиќ ги коментира и состојбите во македонската репрезентација притоа потенцирајќи ‘со колку малку Македонците може да бидат задоволни’.
„Македонците се презадоволни. Кире Лазаров е меѓу најдобрите стрелци, Хансен го пофали Раул и тие се пресреќни. Се друго е помалку важно, тоа е најважно?“ – вели Вујовиќ и дополнува:
„Прибак може да игра, а не беше повикан. И Никола Марковски можеше, па не е повикан. Тоа е прашање за Раул, ‘ел командантот’“.
Популарниот Вујо коментира и околу можноста Раул Гонзалес да го напушти кормилото на македонската репрезентација…
„Знам по себе, кога се врати од ЛОИ во Рио, бев потполно празен во Загреб. Сега Николај таков ќе биде во Левен и мислам дека Левен тоа ќе го плати. Исто така мислам дека и Раул ќе биде празен, на тоа високо ниво тоа се плаќа. Во Ниш, кога е СЕХА, кога имаш време тоа не е така страшно, но кога играш во Лигата на шампионите и имаш репрезентација, тоа е страшно трошење на материјалот. Тоа е тешка задача. Тоа може во краток период да се издржи, но на подолг остануваат последиците. Раул е паметен, повеќе нема да биде селектор на Македонија“ – вели Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА