Дисциплинската комисија на ракометниот сојуз на Хрватска, го казни Веселин Вујовиќ кој како тренер на Нексе, протестираше на една спорна одлука кај делегатот.
Вујовиќ протестирал поради тоа што судијата се одлучил да го поништи голот на неговиот тим и да досуди пенал. На делегатот му беше укажана и лекарска помош, а мечот беше прекинат, по што е регистриран со 10-о во корист на Загреб.
Легендарниот тренер, и поранешен предводник на Вардар, кажа дека можеби оваа одлука ќе го натера да размисли за пензија.
„Очекував казна, и тоа ја забрза мојата одлука да си заминам од клупата на Нексе. Што е, тука е, нема да се жалам на одлуката. Тие одлучуваа за тоа и знаеја што правеа, но за мене тоа е завршена приказна. Сега нема никаков план, јас сум тренер во зрели година и размислувам дека можеби ми е време да се повлечам од ракометот“, рече Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА