Бранко Тамше доби отказ од тренерското место во Загреб откако загуби со 10 гола разлика од Алборг, а веќе се знае и наследникот на словенечкиот стратег на клупата на хрватскиот првак – Веселин Вујовиќ. Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар веќе седеше на клупата на Загреб до пред неколку сезони, а сега е подготвен за камбек на овој клуб.
„Точно е, се враќам во Загреб. Ќе потпишам на три години, а за повеќе детали дојдете на прес-конференцијата во 12 часот“ – изјави Вујовиќ за хрватските медиуми.
Веселин Вујовиќ го водеше Загреб од 2014 до 2016 година, успевајќи да го елиминира Рајн-Некар Левен и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. „Вујо мајсторе“ својот камбек на клупата на хрватскиот ракометен гигант ќе го има против Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА