Вујовиќ со двојна измена пред Македонија – испадна третиот стрелец на Катар

ЕКИПА во Вараждин, 

Стеван Цаневски

Веселин Вујовиќ направи две измени во составот на Катар за денешниот натпревар против Македонија, на кој „Вујо мајсторе“ ќе се обиде да стигне до триумф над нашиот национален тим.

Третиот стрелец на Катар на ова СП, Ахмад Мадади, нема да биде во тимот против Македонија. Станува збор за лево крило кое досега има 12 погодоци од вкупно 15 удари кон противничкиот гол, со што е трет стрелец на својата национална селекција, зад Марзо со 28 и Марковиќ со 18 погодоци. На негово место во тимот ќе биде вклучен Хамди Ајед, кој е тимски соиграч на Мадади од Ал Духаил.

Вујовиќ се реши и за промена на голманската позиција, па за дуелот со Македонија го пријави Ирфан Алихоџиќ на местото на Билал Лепеница. Двајцата имаат брането на по два од досегашните четири натпревари на Катар на овој мундијал, но со минимална улога ако се знае дека прв голман на Катарците на СП 2025 е Анадин Суљаковиќ, кој бранеше на четирите досегашни средби и има вкупно 34 интервенции со 28% успешност на голот на азиската репрезентација.

Се вчитува...