Кога ќе се триумфира со 17 гола разлика на стартот од едно големо натпреварување, нормално е да се биде презадоволен. Исклучок не е ниту Веселин Вујовиќ, кој со Словенија имаше импресивен старт на овој мундијал. Ангола навистина е аутајсдер во групата, но Словенците одиграа беспрекорен меч и најавија дека имаат капацитет да се вмешаат во битката за највисок пласман.
„Првите натпревари секогаш се тешки на големите натпреварувања. На самиот почеток имавме проблеми со одбраната, но потоа ја презедовме иницијативата и доминиравме до самиот крај“ – краток беше во првичното излагање одличниот стратег.
Следеше и кратка порака до македонските ракометари и селекторот Червар околу тоа како треба „црвено-жолтите“ да играат за да ја победат Ангола в сабота.
„Тоа е лесно, се што треба да направите е да играте како Словенија. Цврста одбрана, брз напад“ – со насмевка прокоментира „Вујо, мајсторе“, по што следеше и нешто посериозен одговор: „Сигурен сум дека Лино добро знае што треба Македонија да направи, очекувам играчите да го сторат тоа и да победите“ – порача за крај словенечкиот селектор.
„Знаем де
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА