Академија Пандев многу лошо помина резултатски на европското деби, загуби од Зрињски со 0-3, но тренерот на босанскиот претставник, Хари Вукас, смета дека македонскиот состав ќе биде многу поопасен на утрешниот реванш во Мостар.
„Тие беа под притисок на првиот меч со оглед дека тоа им беше прв меч во историјата во европските купови. Сега ќе бидат растоварени, немаат веќе што да загубат и сигурен сум дека ќе бидат многу поопасни. Не смееме да дозволиме натпреварот да има непосакуван тек за нас“, изјави тренерот на Зрињски.
Реванш мечот меѓу Зрињски и Академија Пандев е закажан за утре, со почеток во 19 часот, а домаќинот има предност од три гола по првите 90 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА