Српскиот кошаркар Тристан Вукчевиќ лесно би можел да остане во Вашингтон и во сезоната која следи откако франшизата од главниот град на Соединетите американски држави се одлучи да го искористи правото тој да биде ограничен слободен играч.
Тоа значи дека доколку добие понуда за преселба во нова средина, Вашингтон ќе има шанса да ја изедначи понудата и да го задржи во своите редови и трета сезона во низа.
Вукчевиќ се пресели во клубот од НБА лигата во 2024 година и тоа од редовите на Партизан со кој ја прекина соработката сред сезона. Изминатата сезона настапи на 35 натпревари бележејќи девет поени просечно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

