Вуко Борозан доби отказ и од Ловќен

Едно од лошите момчиња во светот на ракометот и човек кој не може долго да остане на едно место, Вуко Борозан доби нов отказ.

Откако го напушти Вардар во годината во која „црвено-црните“ ја освоија Лигата на шампионите и замина во Веспрем, неговата кариера никако да се стабилизира.

Тој и покрај тоа што одира одлична есен во Лигата на Европа со која повторно доби повик во репрезентацијата на Црна Гора, доби отказ од Ловќен и тоа повторно поради недисциплина.

Тиквата пукна  во еден момент на последниот натпревар од групната фаза од Лигата на Европа, против Фленсбург, кога Борозан покажа непочитување кон своите колеги, па тренерот Перо Милошевиќ, одма го седна на клупата.

Се вчитува...