Вуко Борозан – играч на колото во ЛШ

Вуко Борозан е избран за најдобар ракометар во реванш-четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите, сосема заслужено со оглед на извонредната партија на црногорскиот ас на дуелот со Кил во Скопје.

Токму Борозан беше играчот што го разбуди тимот од почетните 0-3 за Вардар, по што црногорскиот бомбардер продолжи со добра игра до самиот крај на мечот, постигнувајќи погодоци во клучните моменти. Тој на крајот го заврши натпреварот со шест погодоци, со што беше најдобар стрелец на натпреварот и меѓу најзаслужните за новиот пласман на Ф4 турнирот во Келн.

Се вчитува...