Црногорските ракометни репрезентативци ја совладаа Финска на стартот од квалификациите за ЕП, а на следниот натпревар против Словачка ќе бидат ослабени бидејќи во тимот поради повреда ќе го нема членот на двократниот европски шампион Вардар, Вуко Борозан.
Вуко Борозан се повреди на мечот против Финска, па не замина со селекцијата во Словачка.
Одличниот бек кој со Вардар е освојувач на Лигата на шампионите се очекува да се врати во Скопје каде ќе се утврди колку е сериозна повредата и колкав период ќе мора да отсуствува од терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА