Вуко Борозан стави потпис со ГРК Охрид

Досегашниот член на Вардар, Вуко Борозан го стави потписот на договорот со ГРК Охрид. Црногорецот беше поврзуван со овој клуб откако се прошири веста за негово напуштање на „црвено-црните“ редови, и овој трансфер се оствари.

Со овој трансфер Охриѓани уште повеќе добиваат во јачина во ростерот пред предизвиците на домашна и на меѓународна сцена, односно во Европскиот Куп каде ќе играат против Дукла Прага.

За Борозан ова беше втор „мандат“ во Вардар, откако првпат настапуваше за „црвено-црните“ од 2016 до 2019 година. Потоа замина во Веспрем, во Ал Араби, Ловќен, Ал-Хада, за во 2024 година повторно се врати во редовите на вардаровиот тим.

Се вчитува...