Вуко Борозан се приклучува на низата на ракометари кои си заминуваат од Вардар откако црногорскиот ас го договори својот трансфер во редовите на Кјелце. Полскиот гигант редовно „пазари“ од Скопје, па по договорените трансфери на Алекс Душебајев и на Лука Циндриќ, сега погледите ги насочи кон Борозан, со кого разговорите се наоѓаат во завршна фаза.
Како што јавуваат полските медиуми, оваа „трансфер-бомба“ се однесува на 2020 година, откако Борозан ги прифатил условите за преселба во Кјелце по истекот на актуелниот договор со Вардар. Сепак, не се исклучува можноста полскиот тим да преговара со Вардар, да плати извесна отштета и десноракиот „бомбардер“ и порано да пристигне во тимот на Талант Душебајев.
Според овие информации, големи се шансите дека Борозан и следната сезона ќе ја мине во црвено-црниот дрес, но потоа би можел да си замине во Полска, како замена за Јурецки кој веќе објави дека во јуни 2019 година го напушта Кјелце и ќе се пресели во Фленсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА