Вуков најбрз меѓу „југовците“ на кружната трка во Скопје

Ристо Вуков триумфираше во Дивизијата 1, или далеку попознатата конкуренција на „југовци“ на Авто трката на кружни патеки „Скопје 2018“ која денеска се одржа во организација на АКК Примо во соработка со Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Автомобилистичката федерација на Македонија.

На трката која се возеше на добро познатата патека пред Македонската радио телевизија (МРТ) настапија 35 домашни и 10 странски натпреварувачи, при што Вуков триумфираше во најмасовната конкуренција пред Василевски и Наков.

Трката е дел од официјалниот календар за кружни патеки во домашниот шампионат, а се бодува и во календарот на ЦЕЗ (Централно Европска зона).

РЕЗУЛТАТИ

Дивизија 1:

1. Ристо Вуков – АМК Бип Бип Рејсинг – 30:40.878
2. Филип Василевски – АКК Никола Карев – 31:09.309
3. Георгиј Наков – АКК Никола Карев – 31:09.681
4. Александар Георгиевски – АКК Примо АВЈ 31:49.833
5. Мартин Делев – Кастом Кар РТ – 32:02.197
6. Никола Попевски – АКК Никола Карев – 29:10.001

Дивизија 2:

Е1-2000

1. Бојан Петрушевски – АКК Автоклиника – 30:35.433
2. Дејан Георгиевски – АКК Примо АВЈ – 30:43.302
3. Марко Мишевски – АКК Никола Карев – 31:54.704

Н-1400

1. Марио Велковски – Кастом Кар РТ – 32:05.482

Дивизија 3:

Е1-2000

1. Ненислав Петковиќ – АКК Никола Карев – 30:42.967
2. Даниел Симиќ – АКК Никола Карев – 30:43.187
3. Миле Тодоров – АКК Никола Карев – 33:11.002

Е1-1600

1. Орхан Амет – АКК Автоклиника – 30:39.542
2. Благоја Димитровски – АКК Автоклиника – 31:21.095
3. Перо Георгиевски – Кастом Кар РТ – 31:23.092

Се вчитува...