Македонскиот автомобилист Ристо Вуков – Рико со тимот на ГДЛ Рејсинг, по деби настапот на првата трка во Порше Карера ГТ3 Купот на Италија на патеката во Муџело, се подготвува за новиот предизвик. Вуков на стартот од сезоната на двете трки дојде до бодови, во првата финишираше како деветти, а на втората како десеттти.
Пред Рико предстојниов викенд е втората трка од Порше Карера ГТ3 Купот на Италија која ќе се вози на уште една славна патека, во Мисано која го носи името Марко Симончели, во чест на трагично загинатиот моторциклист. За македонскиот автомобилист ова ќе биде уште една можност на спортската јавност дополнително да го прикаже својот талент и неспорен квалитет кој го поседува.
Дополнителен мотив за Вуков ќе биде и тоа што првата трка, во сабота ќе биде ноќна и ќе се вози под рефлектори, а истата е на програмата од 22 часот. Претходно, во саботата ќе се возат квалификациите. Првата рунда е од 11:30 часот до 12 часот (ПК1), додека втората (ПК2)од 12:05 до 12:15 часот.
Втората трка пак на патеката во Мисано ќе биде на програмата во недела, со почеток од 12:50 часот. Двете трки, како онаа ноќната во сабота со почеток од 22:00 часот, така и неделната од 12:50 часот ќе може да се проследи во живо на МРТ3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА