Ивана Вулета оствари фантастичен успех со златниот медал во скок во далечина на СП во Будимпешта, по што српската атлетичарка најави дека се подготвува и да стави крај на кариерата.
Таа веќе има 33 години и се подготвува да каже збогум на атлетиката, а идеален момент за крај се Олимписките Игри во Париз, во напад на единственото златно одличје што недостига во нејзината колекција на медали.
„Возраста ми беше предност во Будимешта, тоа искуство што го имам од големите натпреварувања не може да се мери со ништо. Со ова злато заокружив една извонредна приказна, сега ми недостига само олимпиското во Париз, само да ме служи здравјето. Таму ќе отпатувам со исти амбиции како секогаш, да го освојам медалот што толку многу го посакувам, воедно ќе биде и мој последен поздрав од атлетиката“, изјави Вулета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА