Двократниот европски шампион Вардар стигна до голема победа на домашен терен против Бенфика од 33-27 во натпревар од третото коло од главната рунда во второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.
Со овој триумф „црвено-црните“ обезбедија место во 1/8 финалето во ова натпреварување, со можност дури да дојде и до 1/4 финале, ако го совлада Мелсунген на гостински терен, и да го освои првото место во групата.
Вечерва во вулканот „Јане Сандански“ се потсеќаше на славните вардарови денови кога се освојуваа пехари во Лигата на шампионите. Во една ваква атмосфера португалскиот тим немаше никакви шанси да дојде до добар резултат во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА






























