Вулверхемптон го отпушти Бруно Лаге

Бруно Лаге повеќе не е тренер на Вулверхемптон откако денеска премиерлигашот се одлучи да ја прекине соработката по лошиот почеток на сезоната. Португалецот седна на „жешкото столче“ пред 15 месеци, но поразот од Вест Хем (2-0) стави крај на неговиот престој во Англија.

Вулверхемптон ова лето потроши 100 милиони на засилувања, но очигледно ни тоа не беше доволно за екипата да почне да бележи добри резултати. По осум одиграни натпревари тимот е на 18. место на табелата со една победа, три нерешени меча и четири порази.

Навивачите на клубот се надеваат дека на тренерската позиција ќе се врати Нуно Еспирито Санто кој од 2017 до 2021 година правеше чуда на клупата на „волците“.

Се вчитува...