Вулверхемптон испрати понуда до Арсенал за голманот Арон Рамсдејл. Понудата на „Волците“ е позајмица една сезона, со право на откуп по завршување на сезоната.
Минатата недела „топчиите“ ја одбија понудата од Ајакс за својот чувар на мрежата. Саутемптон и Борнмут исто така ја следат ситуацијата.
Рамсдејл дојде во Арсенал во 2021 година, за да биде прв голман. Но, минатата сезона го загуби стартното место по доаѓањето на Давид Раја. Англискиот голман има договор со „топчиите“ до 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА