Вулверхемптон има нов тренер

Вулверхемптон го назначи Роб Едвардс за менаџер на првиот тим.

Поранешниот тренер на Мидлсброу, кој го замени Витор Переира на чело на стручниот штаб на Вулверхемптон, потпиша три и пол годишен договор со англискиот премиерлигаш.

Едвардс веќе има работено во Вулверхемптон како помошник тренер на сениорскиот тим, тренер на младинските тимови и вршител на должноста шеф на стручниот штаб на првиот тим.

Подоцна раководеше и со тимовите на Телфорд Јунајтед, Форест Грин, Вотфорд, Лутон и Мидлсброу, а беше и селектор на репрезентацијата на Англија до 16 години. Во текот на својата играчка кариера играше за Вулверхемптон од 2004 до 2008 година.

Се вчитува...