Вулверхемптон пак ќе го менува тренерот

Вулверхемптон има сезона за заборав, „волците“ по првите 18 рунди имаат катастрофален скор од две реми и дури 16 порази, па не е никакво изненадување што управата се подготвува за нова тренерска смена.

Роб Едвардс се покажа како катастрофално решение за тимот од „Молинју“, откако „волците“ платија три милиони фунти за да го доведат од Мидлсброу, но тоа се покажа како тотално промашување.

Младиот стратег не само што не го разбуди тимот, туку Вулверхемптон потона во уште поголема криза, па црната серија на „волците“ во моментов изнесува 12 порази, а шансите за опстанок се буквално сведени само на теорија.

Информациите велат дека одлуката за смена на Едвардс е веќе донесена, а управата веќе бара нов тренер што би ја довршил сезонава, но и потоа би го водел тимот во 2026/27 во Чемпионшип дивизијата со јасна цел – експресно враќање во Премиер-лигата.

Се вчитува...