Вулверхемптон подобар од Лестер (ВИДЕО)

Во последниот меч за денеска во Премиер-лигата, Вулверхемптон го совлада Лестер со 2-1. И покрај тоа што имаше повеќе од играта и од шансите, сепак, Лестер мораше да го „положи оружјето“ пред расположениот домаќин.

Невеш во 9. минута донесе водство, а Лукман во 41. минута израмни.

Во вториот дел Поденсе во 66. минута донесе ново водство за Вулверхемптон, после кое Лестер не успеа да се врати и да избегне пораз. Се чини со овој пораз Лестер ги губи шансите за излез во Европа за следната сезона.

Се вчитува...