Вулверхемптон преку „граѓаните“ до трофеј во Премиер-лига Азија

Вулверхемптон е победник на турнирот Премиер – лига Азија која клубовите од англиската фудбалска елита ја играат во претсезоната во Кина. На стадионот во Шангај, составот на Нуно Еспирито Санто го совлада актуелниот шампион Манчестер Сити по изведување пенали со 3-2. Илкај Гундоган, Давид Силва и Лукас Нмеча не реализираа пенал за „граѓаните“.

Во регуларниот тек мечот заврши без голови, а Рахим Стерлинг не погоди од белата точка и во 21.минута од дуелот.

Се вчитува...