Вулверхемптон забележа важна победа над Кристал Палас, победа со која се чини веќе го има обезбедено опстанокот во Премиерлигата. „Волците“ сега избегаа на девет бода од опасната зона на пет кола до крајот на сезоната.
Иако не доминираше во статистиката, Вулверхемптон успеа да освои три бода благодарение на автогол и пенал. Андерсен ја затресе сопствената мрежа во 3. минута од средбата, а во судиското надополнување досуден пенал за „волците“ кој го реалиираше Невеш за конечен триумф.
Кристал Палас се обиде да се врати резултатски при 1-0, но не реализираше неколку добри шанси преку Локонга и Езе. Но, во првиот случај домашните чистеа од гол линијата, а во вториот случај Жозе Са одбрани во корнер, а казната стигна во последните мигови кога Вулвс ја запечатија победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА