Вулверхемптон чекаше и конечно дочека, „волците“ во дваесеттото премиерлигашко коло конечно се израдуваа на првата победа, славејќи на домашен терен над Вест Хем со 3-0.
Охрабрени по ремито на „Олд Трафорд“ во минатото коло, фудбалерите на Вулверхемптон одиграа фуриозно прво полувреме во кое постигнаа три гола преку Аријас, Хи Чан и Мане, на крајот радувајќи се на премиерната овосезонска победа.
Брајтон ја оправда фаворитската улога на домашен терен со Барнли, славејќи со 2-0 со головите што ги постигнаа Рутер во првотто и Ајари во второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

