ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
За некои е само ракомет, за нас е многу повеќе од тоа. Ракометната репрезентација со сите свои членови е издигната на ниво на божества, и секој јануари цела Македонија е во ракометна треска, навивајќи за своите херои. Се радува на секој добар потег, на секој убав гол, на секоја голманска одбрана. Знаеме и да подвикнеме, дури и да не се налутиме кога не оди и кога ќе се загуби, тоа е оној балкански темперамент, но секогаш сме со своите Македонци, каде и да играат.
И досега направија многу, остварија две победи и едно реми против европскиот првак, и се пласираа во втората фаза која беше проектирана како првична цел. По ова, амбициите се зголемија, надежите и очекувањата се секогаш огромни, и дојде оној „туш“ од Шпанија. Го загубивме, најверојатно, и капитенот. Но, Македонците никогаш не се предаваат…Треба да го знае тоа и „ел команданте“!
Ние повторно веруваме во вас. Сакаме да покажете дека и без Кире Велики, Македонија е голема, дека може да победува…дека ќе се бори за секоја топка, а победничкиот дух на капитенот, дури и ако не може да игра, ќе биде преточен во сите други…во помладите, кои конечно треба да покажат дека се вистинските негови наследници.
WE BELIEVE…Цела Македонија е со вас!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА