Xiaomi Fan Festival 2026: Месец на посебни поволности и паметни решенија

Почнувајќи од 8 април, Xiaomi го одбележува својот роденден на посебен начин, заедно со фановите и новите корисници ширум светот. Xiaomi Fan Festival веќе со години претставува момент на благодарност до сите кои се дел од оваа заедница, а овогодинешното славење носи исклучителни поволности кои траат од 8 април, во текот на целиот месец.

Овогодинешната тема „Паметен живот создаден за тебе“ се заснова на идејата на компанијата „Human x Car x Home“ за да им овозможи на корисниците поедноставен, попрактичен и поудобен секојдневен живот со помош на технологијата.

Посебни уреди за посебни прилики

Понудата започнува со моделот Redmi Note 15, кој нуди освежен дизајн и доволно меморија за непречена секојдневна работа. За оние кои сакаат нешто повеќе, Redmi Note 15 Pro носи унапреден систем на камери, побрзо полнење и премиум чувство во раката, додека Redmi Note 15 Pro 5G на сето тоа додава и 5G конекција, правејќи го совршен за корисниците кои не сакаат да бидат ограничени од брзината на мрежата.

Специјалната понуда го опфаќа и поширокиот Xiaomi екосистем, кој дополнително го приближува концептот на паметен живот.

Понудата ја надополнуваат Xiaomi Robot Vacuum S40, уред што го олеснува одржувањето на домот. За уживање во омилените видео содржини тука се Xiaomi Smart Projector L1 и Xiaomi Sound Party, додека за добар интернет во станот е задолжен Xiaomi Router AX3200. Во понудата се и Xiaomi Outdoor Camera CW400Xiaomi ToasterXiaomi Tower HeaterXiaomi Desktop Heater и Smart band 9 Active.

Цени и достапност

  • Redmi Note 15во конфигурација 8+256 GB е достапен по цена од 11,999 МКД

  • Redmi Note 15 Proво конфигурација 8+256 GB и 12+512 е достапен по цена од 17,599 МКД

  • Redmi Note 15 Pro 5G во конфигурација 8+256 GB е достапен по цена од 21,999 МКД

Комплетната понуда можете да ја погледнете кај продажните партнери на Xiaomi, како и на веб-страницата.

Историја на Xiaomi Fan Festival

Традицијата на Xiaomi Fan Festival започна во 2012 година, кога компанијата на својата втора годишнина одлучи да воспостави посебен ден посветен на оние кои и се најважни – нејзините верни фанови. Она што започна како локална прослава во Кина, набрзо прерасна во глобален феномен. Во 2015 година фестивалот се прошири во Индија и Индонезија, додека во 2018 година триумфално пристигна и на европските пазари.

Денес, духот на оваа прослава секој април се споделува во повеќе од 40 земји и региони ширум светот, симболизирајќи ја нераскинливата врска помеѓу технолошките иновации и заедницата која ги придвижува.

 

За компанијата Xiaomi

Компанијата Xiaomi е основана во април 2010 година, а е вклучена на главната листа на Хонгконшката берза на 9 јули 2018 година. Xiaomi е компанија која произведува паметни телефони и уреди поврзани на IoT платформата.

Со визијата која гласи „Спријателете се со корисниците и бидете најдобрата компанија во срцата на корисниците“, Xiaomi постојано се стреми кон иновации, висококвалитетно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Компанијата неуморно гради фантастично портфолио на производи по пристапни цени, за секој во светот да може да ужива во подобар живот преку користење на иновативна технологија.

Xiaomi е една од водечките светски компании за паметни телефони. Во декември 2025 година, бројот на месечно активни корисници (MAU) достигна приближно 754,1 милиони ширум светот. Компанијата исто така ја воспостави водечката потрошувачка AIoT (AI+IoT) платформа во светот, со 1.079,2 милиони поврзани паметни уреди до 31 декември 2025 година (со исклучок на паметни телефони, таблети и лаптопи).

Во октомври 2023 година, Xiaomi ја унапреди својата корпоративна стратегија под името „Human × Car × Home“, поврзувајќи ги личните уреди, паметните апарати за домаќинство и автомобилите. Xiaomi секогаш се фокусира на луѓето и е посветен на обезбедување на сеопфатно, подобро поврзано искуство. Производите на Xiaomi се присутни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во август 2024 година, Xiaomi по шести пат по ред беше вклучен на листата Fortune Global 500.

Xiaomi е дел од индексите Hang Seng, Hang Seng China Enterprises, Hang Seng TECH и Hang Seng China 50.

Се вчитува...