Фудбалската федерација на Македонија информираше дека денеска започна продажбата на билети за пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Ерменија кој ќе се игра на 17. октомври од 15 часот на стадионот „Благој Истатов” во Струмица.
Цената на билетите изнесува 200 денари.
Продажбата на билети за контролниот дуел на Македонија се реализира преку продажната мрежа на MKTickets и билетарата во спортската сала во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

