Завршена е кариерата за фудбалерот на Вест Хем, Мајкл Антонио, кој доживеа страотна сообраќајна несреќа, пренесуваат англиските медиуми.
Антонио по извршената хируршка интервенција најмалку една година ќе биде надвор од терените, но се поизвесно е дека нема да може да ја продолжи својата фудбалска кариера.
Во моментов е на интензивна нега и е под постојан надзор, а потоа ќе следи долг процес на рехабилитација за 34-годишниот Јамајканец кој во Вест Хем игра од 2015 година.
Како што е познато, фудбалерот на Вест Хем по сообраќајната несреќа бил заробен во својот автомобил цели 45 минути пред пожарникарите да го ослободат од тотално уништеното возило.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА