Каталонскиот гигант Барселона немаше најуспешен летен преоден рок, со оглед дека го загуби Бразилецот Нејмар, кој замина во ПСЖ, а не успеа да го доведе сите желби на тренерот Ернесто Валверде. Сепак, за раководството на клубот е најважно да ја задржи својата најголема ѕвезда Лионел Меси, кој треба да потпише нов договор.
Актуелниот истекува следното лето, а Аргентинецот веќе има устмен договор со Барселона да ја продолжи соработката до 2021 година. Но, сето тоа треба и да се официјализира во наредниот период, кога Меси ќе се врати на „Камп Ноу“ по репрезентативните обврски.
„Остана само протоколот, нема никакви проблеми. Сакаме да им порачаме на сите фанови да не се грижат за останувањето на Лионел Меси, тој е максимално посветен на Барселона“, изјави спортскиот директор на клубот, Алберт Солер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА