За Бекам нема дилема: Роналдо никогаш нема да го стигне Меси

Дејвид Бекам се вклучи во „вечната дилема на светскиот фудбал“, да избере кој е подобар меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо. За англиската фудбалска легенда нема никаква дилема дека Аргентинецот е далеку пред португалската суперѕвезда.

„Не постои друг играч како Лионел Меси. Тој и Кристијано се далеку пред сите, но да бидам искрен, Роналдо никогаш нема да го достигне нивото на Меси. Точно е, имаат сличности во техниката и во талентот, чудесно е што двајцата се поклопија да играат во иста фудбалска ера, но Меси е најдобар фудбалер на светот“, истакна Бекам.

Англичанецот е претседател на новиот клуб во американската МЛС-лига, Интер Мајами.

„Едно е сигурно, ќе бидам вклучен во фудбалот додека сум жив. Интер Мајами е одличен проект“, порачува Дејвид Бекам.

Се вчитува...