За боксерскиот свет победник е Нгану: „Неверојатно… Па, Нгану мораше да биде победник!“ (ВИДЕО)

Светскиот шампион во бокс во ВБА верзијата, Тајсон Фјури победи во спектаклот во Саудиска Арабија против големата ММА ѕвезда, Францис Нгану со поделена одлука на судиите (95-94, 96-93, 94-95).

Фјури и Нгану приредија вистински спектакуларна борба која на крајот по 10 рунди со одлука на судиите ја доби „Кралот на циганите“. Но, боксерскиот свет мисли дека тоа е незаслужена победа за Фјури.

Нгану кој одлично боксуваше во третата рунда дури и го испрати ВБЦ шампионот на подот. Успеа Фјури да стане па до крајот само со судиска одлука на поени тесно да дојде до победа, но видливо беше дека не му е сеедно што се најде во нокдаун.

Поранешниот светски шампион во супер-бантам и перолесна категорија, Карл Фремптон беше воодушевен од борбата на Нгану истакнувајќи дека сите очекувале Камерунецот да победи.

„Бев убеден дека Нгану ќе победи. Повеќе пати во текот на мечот не можев да верувам што гледа,. Францис во првиот свој бокс меч во животот се бореше против светскиот шампион во тешка категорија. Тоа е неверојатно… Требаше да победи. За мене тој е победник, покажа извонредна борба“ – истакна по мечот Фремптон.

Се вчитува...