За Бразилците фудбалот е живот… Кога ќе се случи најмалку очекуваното (ВИДЕО)

Огромна еуфорија владее меѓу навивачите на бразилски Фламенго кој успеа да се пласира во финалето на Светското клупско првенство.

А, интересна ситуација е забележана на аеродромот во Рио де Жанеиро, непосредно пред заминувањето на оние навивачи кои успеаја да обезбедат билет за мечевите во Доха. Еден од навивачите до пред самото полетување не сакаше на својот син да му открие дека го носи со себе во Доха. Синот дојде да го испрати својот татко, воопшто не насетувајќи дека на крајот тој ќе добие можност да го гледа својот омилен клуб во далечниот Катар. Па, кога таткото му ги покажа билетите следеше славје и солзи радосници…

 

Се вчитува...